Background

Заедно ќе ја зајакнеме македонската економија - поддршка за граѓаните - за македонскиот туризам

Ваучери за туризам од 6000 ден!

Поддршка за граѓаните и домашниот туризам

ПОДДРШКА НА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НИЗОК ДОХОД ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ДОМАШНИОТ ТУРИЗАМ

КОИ ГРАЃАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ВАУЧЕРИ ЗА ТУРИЗАМ ОД 6.000 ДЕН?

  • Вработени лица со нето плата до 15.000 ден месечно
  • Лица кои се во работен однос и кои за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП
  • * Овие граѓани ќе добијат и Домашна платежна картичка од 3.000 ден за купување на домашни производи и услуги
Ве молиме внесето го вашето име и презиме.
  1. 1

    КАКО?

    Едноставно и без постапки за аплицирање! Граѓаните ке ги добијат ваучерите преку email

    • Министерство за економија ќе им го испрати ваучерот на емаил адреса на граѓаните.
    • На емаил адресата која ја имаат оставено во УЈП граѓаните ќе можат и да го преземат и испечатат ваучерот.
  2. 2

    КОГА?

    • Ваучерите ќе бидат испратени до граѓаните во период од 13ти до 15ти јуни.
    • Ќе може да се искористат од 15.07.2020 до 15.12.2020 за сместувања и патувања во земјата
  3. 3

    КАДЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ ВАУЧЕРОТ ЗА ТУРИЗАМ?

    • На платформата Domasiedoma.gov.mk до 5ти јули ќе бидат објавени сите даватели на туристички услуги кои се пријавиле да бидат дел од програмата.
    • Граѓаните ќе може лесно да ги видат сите достапни капацитети и да одберат каде сакаат да го искористат својот ваучер.

ПОВЕЌЕ ЗА ВАУЧЕРОТ?

Владата на Република Северна Македонија донесе сет на мерки за заживување на економијата. Со мерката за поддршка на граѓаните и поддршка на домашниот туризам вие сте во групата на граѓани кои добиваат ВАУЧЕР во вредност од 6.000 денари за одмор во земјата.
“Секој ваучер гласи на име и презиме на примателот.”
“Ваучерот содржи QR код, ваучер код и пин код.
“Лицето ќе мора да го покаже ваучерот при искористувањето на давателот на туристички услуги.”
“Ваучерот ќе мора да се искористи во една посета.

Како изгледа ваучерот

Voucher
Image

СИТЕ РЕГИСТРИРАНИ ДАВАТЕЛИ НА ТУРИСТИЧКИ УСЛУГИ КОИ ЌЕ СЕ ПРИЈАВАТ ЌЕ МОЖЕ ДА ПРИМААТ ГОСТИ СО ВАУЧЕРИ ЗА ТУРИЗАМ

Во период од 15ти до 30ти јуни сите заинтересирани хотели, туристички агенции и сместувачки објекти регистрирани во соодветен регистар ќе може да го пополнат формуларот овде.

Icon